9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико не смее да пазари ова лето, ЦАС ја одби жалбата на...

Атлетико не смее да пазари ова лето, ЦАС ја одби жалбата на клубот

Судот за спортска арбитража (ЦАС) ја одби жалбата на Атлетико Мадрид, по повод забраната на ФИФА за регистрација на нови фудбалери. Според оваа одлука, Атлетико нема да може да биде активен на трансфер пазарот се до јануари 2018 година.

Атлетико Мадрид од страна на ФИФА доби забрана за трансфери во два трансфер периоди бидејќи ги прекршил правилата при трансферите на млади фудбалери. Мадридскиот клуб најпрвин одлуката ја обжали пред ФИФА, а откако истата беше одбиена, се жалеше и до ЦАС. Судот чие седиште е во Лозана исто така ја одби жалбата на „јорганџиите“.

По повод забраната за траснфери во летниот преоден рок, веднаш се огласи Атлетико Мадрид, во соопштението се истакува дека одлуката е неправедна.

„Оваа одлука е неправедна во однос на сличните случаеви и на клубот ќе му нанесе непоправлива штета“, стои во соопштението.

Инаку, ЦАС ја намали паричната казна која треба да ја плати клубот од 900.000 на 550.000 швајцарски франци.

Атлетико казната ја заработи во иститот период кога ФИФА го казни и мадридски Реал, но ЦАС во декември ја прифати жалбата на „Кралскиот клуб“ и му ја преполови забраната, што значи дека Реал во летниот преоден рок ќе биде активен на пазарот.

По исти обвиненија, во 2015 година ФИФА ја казни и Барселона, поради што Каталонците во два трансфер периоди не можеа да регистрираат нови фудбалери.

Најновата одлука на Судот во Лозана ќе го доведе во прашање трансферот на Антоан Гризман во Манчестер Јунајтед, иако клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да ја плати откупната клаузула од 100 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП