Овен (21.03 – 20.04)
Не можете да влијаете на текот на преговорите. Опуштете се. Потребно е да остварите хармоничен дијалог со саканото лице. Потрудете се повеќе.
Бик (21.04 – 21.05)
Претерано тактизирате и го губите драгоценото време за одлуки. Доколку сте во врска или брак бидете искрени, доколку сте во потрага по партнер бидете малку послободни во говорот, не се срамете.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки, кога е бракот во парашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со партнерот. Оние кои не се во брак или врска ќе имаат можност да влезат во многу квалитетна врска.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе бидете нетрпеливи да ги слушнете новитетите од следниот состанок. Но, сепак ќе треба малку да почекате. Мечтаете за тоа на саканото лице да му кажете се што ви лежи на срце но никако да соберете доволно храброст за тоа.
Лав (23.07 – 22.08)
Внимавајте на деловните состаноци да не ве надвладее тремата, па да изгледате чудно пред колегите и соработниците. Многу е важно да поработите на својата несигурност. Ќе се појават несогласувања со партнерот.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе имате проблем со расудувањето, нема да знаете на кого да му верувате, но тоа ќе биде краткотрајно. Ве очекуваат и напнатости во врска со саканото лице. Можеби сте ја изгубиле сигурноста која ја имавте.
Вага (23.09 – 22.10)
Ненадејно ќе добиете вест за понуда за заминување и работа во странство. Многу ќе бидете среќни поради тоа. Доколку сте сами ве очекува возбудлива романса, а доколку сте во врска или брак, ќе бидете во кавга со партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Интелектуалната активност ќе ви биде зголемена, но под силно влијание на чуствата. Не ја трошете попусто енергијата на долги разговори со банални теми. Секое излегување ќе ви биде нова шанса за да ја сретнете вашата сродна душа.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекува прилика да го видите вистинското лице на некој од вашите блиски соработници. Можно е да бидете изненадени. Неочекувано ќе добиете големо и многу искрено признание од саканото лице за љубовта кон вас.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате чувство дека ви е многу тешко да се истакнете. Не се грижете, ќе дојдат и вашите 5 минути. Не ви се допаѓа ставот на саканото лице кон вас. Можна е сериозна расправа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Имате многу деловни обврски и не можете да им посветите време на пријателите и семејството, но тоа не е она што ве мачи. Повеќе се плашите од тензиите кои владеат во деловното опкружување, стравувате дека ќе добиете отказ.
Риби (20.02 – 20.03)
Размислувате за прекин на соработката со некој деловен партнер. Доколку тој направил ситни грешки, простете му и продолжете. Доколку се наоѓате во брак, можно е да настанат брачни проблеми поврзани со финансиите. Не избрзувајте со одлуките.