ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај на сезоната во ПМФЛ

Крај на сезоната во ПМФЛ

Со одигрувањето на натпреварите од последното 36.коло, заврши сезоната 2016/2017 во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Расплетот за оваа сезона беше познат уште пред одигрувањето на последното коло, Вардар надмоќно ја освои титулата, 11-та во клупската историја. „Црвено-црните“ ќе играат во квалификациите во Лигата на шампионите.

Во квалификациите за Лига Европа ќе настапат освојувачот на Купот Пелистер, односно Шкендија и Работнички.

Од ПМФЛ испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, а нови членови станаа Академија Пандев и Скопје, додека бараж ќе играат Шкупи и Новаци.

Во последното коло шампионот Вардар одигра 0:0 со Силекс. На овој меч тимот со капитенската лента го предводеше Влатко Гроздановски кој воедно се прости со „црвено-црниот“ дрес, исто како и Благоја Љамчевски.

Резултати, 36.коло:

Вардар-Силекс 0:0
Победа-Ренова 0:3
Шкендија-Пелистер 2:1
Брегалница-Работнички 6:2
Шкупи-Македонија ЃП 1:1

Табела, 36.коло: 1. Вардар 83, 2. Шкендија 70, 3. Работнички 54, 4. Пелистер 52, 5.Ренова 52, 6. Силекс 47, 7. Победа 41, 8. Шкупи 37, 9. Брегалница 24, 10. Македонија ЃП 23.