7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ ќе плати 70 милиони за Обамејанг

ПСЖ ќе плати 70 милиони за Обамејанг

Еден од најдобрите напаѓачи во Европа, Пјер-Емерик Обамејанг (27), како што објавија француските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.

Обамејанг има искуство од францускиот шампионат, до 2013 година настапуваше во Сент Етиен откаде за сума од 13 милиони евра замина во Борусија Дормунд. За „милионерите“ во изминатите четири години постигна 120 голови.

Габонецот штотуку завршената сезона ја заврши како најдобар стрелец во Бундеслигата со 31 постигнат гол.

Инаку, ПСЖ за услугите на Обамејанг на Борусија ќе ѝ плати сума од 70 милиони евра, а според француските медиуми, тој само за потпис на договорот ќе добие шест милиони евра, а годишно ќе заработува 10 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП