ПочетнаИНТЕРЕСНОРенцо Оливо го елиминираше Цонга

Ренцо Оливо го елиминираше Цонга

Аргентинецот Ренцо Оливо ја забележа најголемата победа во кариерата откако во првото коло на Ролан Гарос го елиминира домашниот фаворит Жо-Вилфред Цонга.

Дуелот на Аргентинецот и Цонга се играше два дена бидејќи во вторникот беше прекинат, и тоа при водство на Оливо 7:5, 6:4, 6:7, 5:4.

Пласман во второто коло Аргентинецот избори во средата, тој успеа да го добие десеттиот гем од четвртиот сет. Во решавачкиот гем Цонга не реализира три топки за брејк, а потоа Оливо со прекрасен форхенд си обезбеди пласман во второто коло.

Противник на Аргентинецот во втората рунда ќе му биде Британецот Кајл Едмунд.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП