15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО3 милијарди евра е вредноста на Манчестер Јунајтед

3 милијарди евра е вредноста на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во Европа, според истражувањата на холандската ревизорска куќа КПМГ, „тежи“ три милијарди евра.

Во студијата на КПМГ биле опфатени вредноста на телевизиските права, популарноста на клубот, спортскиот потенцијал и сопственичката структура на стадионот.

Според тоа, актуелниот освојувач на Лига Европа, Манчестер Јунајтед, е проценет на 3,09 милијарди евра.

„Црвените ѓаволи“ се пред Реал Мадрид (2,97 млрд евра) и Барселона (2,76 млрд. евра).

Зад водечката тројка следуваат Баерн Минхен (2,44), Манчестер Сити (1,97), Арсенал (1,85), Челзи (1,59), Ливерпул (1,33), Јувентус (1,21), Тотенхем (1,01)…

Од компанијата КПМГ по објавеното истражување истакнале дека во фудбалската индустрија последните години е во подем, особено англиската Премиер лига и дека во истражувањето не биле вклучени штотутку завршената и претходната сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП