2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладиот Царевиќ е нов голман на Барселона

Младиот Царевиќ е нов голман на Барселона

Еден од најтрофејните и најдобри светски клубови, Барселона, потпиша договор со голманот на Грбаљ и младата репрезентација на Црна Гора, Лазар Царевиќ (19).

Барселона со талентираниот голман, кого медиумите во неговата земја го нарекуваат „црногорскиот Донарума“, потпиша повеќегодишен договор.

„Пресреќен сум што потпишав за најголемиот клуб во светот, го остварив мојот сон. Сè она што како момче го доживував низ црногорската лига ми даваше поттик да не се откажувам, да се борам и да го следам својот пат. Но, во фудбалот нема место за самозадоволство, за да стигнам до голманското место во клуб каков што е Барселона морам да работам уште повеќе“, рекол Царевиќ, за кого интерес покрај Барселона покажувале Ајакс и Баерн Минхен.

Инаку, Царевиќ во Барселона најпрвин ќе брани за тимот до 19 години, односно ќе настапува во младинската Лига на шампиони, а наскоро би можел да биде дел и од Б тимот на Барселона кој се натпреварува во шпанската втора лига, Сегунда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП