2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВинченцо Монтела останува во Милан

Винченцо Монтела останува во Милан

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, го продолжил договорот со „росонерите“ до 30.јуни 2019 година.

Иако, италијанските медиуми шпекулираа дека новите сопственици ќе донесат нов тренер, клубот преку својот профил на Фејсбук, ги демантира таквите најави и објави дека Монтела останува во клубот.

„Многу сум возбуден поради овој проект. Имаме големи амбиции, сакаме што поскоро да се вратиме во Лигата на шампиони“, изјавил Монтела за клупската телевизија.

Монтела оваа сезона со Милан го освои шестото место во Серија А и наредната сезона ќе игра во квалификациите во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП