6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХамилтон: Мислам дека оваа сезона Ферари го има најдобриот болид

Хамилтон: Мислам дека оваа сезона Ферари го има најдобриот болид

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, истакнал дека неговиот болид не се „однесувал нормално“ на неделната трка за големата награда на Монако, а на која двојна победа оставри Ферари, прв беше Фетел, а втор Раиконен, а Хамилтон заврши на шестата позиција.

Поради проблеми со болидот Хамилтон во квалификациите го освои скромното 13 место, а на самата трка поради добрата тактика, кога ги менуваше пневматиците, успеа низ целта да мине како шести.

„Не дојдовме неподготвени во Монако, но едноставно работите не одеа според предвиденото. Болидот се однесуваше поинаку, а тоа беше неочекувано за механичарите. Кога ги поправија недостаоците работите станаа уште полоши. Се вративме на она непознато сценарио кога еден болид функционира, а мојот не“, рекол Хамилтон.

За разлика од Мерцедес, Ферари немаше никакви проблеми на патеката во Монте Карло, поради што Фетел и Раиконен ги освоија првите две места.

„Изгледа дека болидот на Ферари најдобро функционира на сите патеки. Преостанатите 14 трки ќе бидат многу тешки. Впечатокот е дека тие имаат најдобар болид, нешто што беше случај со нас минатата сезона, кога моделот „07“ беше беспрекорен на сите патеки“, дополнил Британецот.

Првенството во Формула 1 продолжува на 11.јуни кога на патеката „Жил Вилнев“ ќе се вози трката за Големата награда на Канада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП