6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаурисио Пелегрино заминува од клупата на Депортиво Алавес

Маурисио Пелегрино заминува од клупата на Депортиво Алавес

Аргентинецот Маурисио Пелегрино соопшти дека заминува од клупата на шпанскиот прволигаш Депортиво Алавес.

Пелегрино информацијата ја соопшти два дена по поразот на Алавес во финалето на Купот. Алавес во неделата загуби од Барселона 1-3.

Аргентинскиот тренер на клупата на овој клуб се задржа само една сезона. Во Ла Лига го освои деветтото место, а со пласманот во финалето на Купот оствари еден од најголемите успеси во клупската историја.

Алавес сеуште нема објавено кој ќе го замени Пелегрино.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП