18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМахрез сака да замине од Лестер

Махрез сака да замине од Лестер

Ријад Махрез го известил својот клуб Лестер дека сака да замине во летниот преоден рок. Тој напишал дека минатото лето се согласил да остане за да му помогне на клубот во Лигата на шампионите.

„Јас сум многу амбициозен и чувствувам дека е време за нови предизвици. Сакам да бидам искрен кон навивачите и клубот. Го известив клубот дека е време за нови предизвици“, рекол Алжирецот.

Махрез во Лестер пристигна во 2014 година од Авр. Лестер кој тогаш беше дел од Чемпионшип дивизијата (Втора лига), за неговите услуги плати 500.000 евра.

„Во Лестер минав три прекрасни години: Горд сум на она што го постигнавме, особено сум горд на освојувањето на Премиер лигата“, рекол Махрез.

Според британските медиуми најголем интерес за Алжирецот покажуваат Арсенал и Барселона. Се претпоставува дека Лестер ќе го продаде за 40 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП