25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално: Венгер уште две години во Арсенал

Официјално: Венгер уште две години во Арсенал

Она што пред неколку денови го најави телевизијата ЕСПН, дека Арсен Венгер ќе остане уште две години во Арсенал, доби потврда во вторникот. Францускиот стратег официјално го продолжи договорот со „тобџиите“.

Иднината на Венгер во Арсенал беше неизвесна, бидејќи не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, но францускиот тренер со победата над Челзи во финалето во ФА купот (2:1), си купи уште две години на клупата на Арсенал.

Во понеделникот Венгер имал состанок со сопственикот Стен Кренке, а ден подоцна тој го известил дека сака да остане. Венгер ќе потпише нов две годишен договор, но нема да добие зголемување на платата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП