15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик: Јас 20 одбрани, сите по 3 гола и Барса е на...

Штербик: Јас 20 одбрани, сите по 3 гола и Барса е на колена

Ракометарите на Вардар во полн ритам ги одработуваат подготовките за настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите, кој на 3 и 4 јуни ќе се одржи во Келн.

Вардар со пласманот меѓу најдобрите четири екипи во Лигата шампионите оствари историски успех, но „црвено-црните“ немаат намера тука да застанат.

Во таборот на Вардар се сигурни дека можат да ја елиминираат Барселона во полуфиналето, кое на програмата е в сабота, од 18 часот.

Клучен играч на Вардар може да биде искусниот голман Арпад Штербик, кој трипати ја освојувал Лигата на шампионите (2006, 2008, 2009). Штербик го има рецептот како да се победат Каталонците.

„Па ако јас одбранам 20, и секој погоди по три, сигурно ќе добиеме. Оваа Барселона не е таа во која бев јас. Има доста нови играчи, но Барселона покажа најдобра форма преку цела сезона. Загубија многу малку натпревари, и затоа се фаворити“, изјавил Штербик за клупската интернет страница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП