21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпалети си заминува од Рома

Спалети си заминува од Рома

Лучијано Спалети ја напушти клупата на Рома, објави римскиот клуб на својата официјална интернет страница. Договорот на Спалети истече по завршувањето на сезоната, а тој не го продолжи поради интересот и понудата која ја добил од Интер.

Сезоната која во Серија А заврши во неделата Рома ја заврши на второто место, зад шампионот Јувентус. Рома наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.

Рома со Спалети на клупата освои рекорден број бодови и постигна рекорден број голови во Серија А.

Спалети во два мандати ја предводеше „волчицата“, првиот му беше од 2005 до 2009 година, а вториот траеше 17 месеци.

Наследник на Спалети ќе биде поранешниот фудбалер на Рома, Еузебио ди Франческо, кој со Саусоло изминатите две сезони оствари забележителни резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП