30 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТер Штеген останува на Камп Ноу до 2022-ра

Тер Штеген останува на Камп Ноу до 2022-ра

Фудбалскиот клуб Барселона го продолжи договорот со германскиот голман Марк-Андре Тер Штеген до јуни 2022-ра година. Во новиот договор на Германецот е вметната откупна клаузула од 180 милиони евра.

Тер Штеген е во Барселона од 2014 година, а оваа сезона по заминувањето на Клаудио Браво беше промовиран во прв голман на Каталонците. Досега германскиот репрезентативец има одиграно 93 натпревари за Барселона.

Каталонскиот клуб досега ги обнови договорите со Хавиер Маскерано, Луис Суарез, Нејмар, Иван Ракитиќ и Серхио Бускетс. Клубот во изминатите месеци води интензивни преговори со Андрес Иниеста и Лионел Меси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП