18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДобар старт на Ѓоковиќ и Надал на Ролан Гарос

Добар старт на Ѓоковиќ и Надал на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал со сигурни победи во три сета го почнаа настапот на вториот гренд слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Бранителот на титулата, Ѓоковиќ, со 6:3, 6:4, 6:2 го победи Шпанецот Марсел Гранољерс. Дуелот на Србинот и Шпанецот изобилуваше со брејкови, три во првите четири гема во првиот сет, потоа два во вториот, додека во третиот имаше шест.

Ѓоковиќ во третиот сет спаси три брејк топки, пред да го запише решавачкиот поен.

Од друга страна, Надал, со блескава игра го почна походот на јубилјната десетта титула на Ролан Гарос. Шпанецот го декласира францускиот тенисер Беноа Пер со 6:1, 6:4, 6:1.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против Португалецот Жоао Соуза, додека Холанѓанецот Робин Хасе во втората рунда ќе му се спротивстави на Надал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП