Фудбалскиот клуб Барселона, во понеделникот, го именува Ернесто Валверде за нов тренер.
Валверде во Барселона доаѓа од Атлетик Билбао, а на клупата го наследи Луис Енрике кој по три години замина од „Ноу Камп“.
Одлуката за именувањето на Валверде ја соопшти претседателот на Барселона, Џозеп Бартомеу, по состанокот на Управниот одбор на клубот.
53-годишниот Валверде, во втората половина на 80-те години од минатиот век две години играше за Барселона.
Официјалната промоција во новиот клуб Валверде ќе ја има в четврток.