17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген ги откупи правата на Москвич

Фолксваген ги откупи правата на Москвич

Москвич, некогаш многу популарна марка на патнички автомобил во Источна Европа, можеби повторно ќе се појави на пазарот благодарејќи на германската компанија Фолксваген, која ги откупи сите права на брендот Москвич на период од пет години, пишува „Руска реч“.

Компанијата која порано произведуваше москвичи банкротираше и беше ликвидирана во 2010 година, а последното возило го произведе во далечната 2001 година, Москвич 2141.

Фолксваген би можел да го лансира производството на седани од економската класа, сметаат стручњаците за маркетинг.

Калушкиот завод во Русија е една од можните платформи за производство, пренесува рускиот портал Car.Ru.

Како што сметаат стручњаците, идејата на германските производители на автомобили е креативна и би можела да биде успешна со оглед на вниманието што во светот ѝ се посветува на Русија, а посебно на Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП