26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW ги издрадува фановите: Пристигнува и M8 (фото+видео)

BMW ги издрадува фановите: Пристигнува и M8 (фото+видео)

Баварскиот производител ги објави првите фотографии за идниот продукциски модел на „BMW M8“. Aвтомобилот засега е „камуфлиран“, но може да се забележат линиите на новото најголемо спортско купе на германскиот премиум бренд.

Само неколку дена по премиерата на концептот „BMW Serieѕ 8 Coupe“, кој дебитираше на манифестацијата „Concorso d’Eleganza Villa d’Este“ во Италија, „BMW“ официјално ја најави обновената „Seriеѕ 8“, која на пазарот се очекува во 2018-та, ќе има и своја „М“ верзија.

Производителот соопшти дека за развојот на стандардната „Serieѕ 8“ и „M“ моделот се одвива паралелно, но не откри повеќе детали.

Се верува дека „М8“ под хаубата ќе има 4.4-литарски V8 турбо мотор со околу 600 коњски сили, поврзани со специјален варијабилен „xDrive“ погон (како и кај идниот „М5“) кој овозможува автомобилот да вози и само со заден погон, што ќе ги израдува тврдокорните „BMW“ ентузијасти.

Покрај класичниот „M8“, се очекува и „помека“ варијанта „M860i xDrive“ со 6.6-литарски V12 мотор од „BMW M760Li xDrive“.

„BMW“ соопшти дека во подготовка и специјална тркачка „M8 GTE“ верзија со која германскиот производител ќе се натпреварува на траката 24 часа „Le Man 2018“, a која ќе дебитира во јануари на трката 24 часа Дејтона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП