1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини се сели во Русија, седнува на клупата на Зенит

Манчини се сели во Русија, седнува на клупата на Зенит

Поранешниот тренер на Манчестер Сити и Интер, Роберто Манчини, ќе биде новиот тренер на Зенит од Санкт Петербург.

Италијанскиот тренер на клупата на овој клуб ќе го наследи Романецот Мирчеа Луческу. Тој со Зенит треба да потпише тригодишен договор, според кој ќе заработува околу пет милиони евра годишно.

Зенит низ натпреварите во Премиер лигата на Русија избори пласман во квалификациите во Лига Европа.

Манчини во досегашната кариера работел во Италија (Лацио, Фиорентина, Интер), Англија (Манчестер Сити) и Турција (Галатасарај).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП