8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартуваа подготовките на ракометарките за баражот со Шведска

Стартуваа подготовките на ракометарките за баражот со Шведска

Сениорската женска репрезентација на Македонија утрово, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го одржа првиот собир за почеток на подготовките за бараж-двомечот за СП 2017 со Шведска.

Селекторот Симе Симовски по кусиот состанок со присутните ракометарки го одржа и првиот тренинг, а веќе вечерва, на вториот тренинг, се очекува репрезентацијата да биде комплетна.

Според распоредот, ќе се тренира двапати дневно, денеска и утре, односно до заминувањето за Турција в среда, каде Македонија ќе настапи на меѓународен подготвителен турнир.

На турнирот во Анталија, кој ќе трае до недела (4 јуни), покрај со домаќинот Турција, нашата селекција ќе одигра натпревари и со соодветните селекции на Литванија и Русија.

По враќањето во Скопје, нашите репрезентативки ќе ги продолжат тренинзите до првата од двете бараж средби против Шведска за пласман на СП 2017. Првиот натпревар ќе се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје, на 10 јуни, со почеток од 20:30 часот. Реваншот во Шведска е предвиден за 13 јуни 2017

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП