12 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 27-28.05.2017

Викенд хороскоп 27-28.05.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Полни со сила и желба за афирмација ќе бидат особено Овните родени во првата декада, додека пак оние од втората декада ќе треба да ја насочат својата енергија на пофините работи. Ви препорачуваме повеќе контакти со луѓе и изразување на своите идеи без претерана критичност.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе бидете одлично расположени и полни со енергија. Неопходно е да ја потрошите, но правилно. Не дозволувајте овој викенд да го поминете во домашна атмосфера.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ви се закануваат непријатности поврзани со комуникациите, па најдобро би било да не претерувате со дружењето и да не очекувате туѓа помош. Би можеле многу да се разочарате. Ќе имате и стресови поради некои неочекувани реакции на луѓе од вашата околина.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Пред вас е одличен викенд во кој ќе се чуствувате прекрасно. Ќе бидете добро расположени , но попустливи кон партнерот многу повеќе отколку обично. Избегнувајте поголеми работни обврски. Мудро би било важните работни одлуки да ги оставите за подоцна.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Сите активности ќе се базираат на чесност и искреност. Доколку забележите дека околината не се однесува исто кон вас, многу ќе ви биде тешко, но тоа нема да го покажувате ниту да реагирате. Едноставно ќе се повлечите. Дефанзивниот став ќе стане ваше правило.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ова е доста интензивен викенд кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чуствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Многу ќе контактирате и ќе разговарате, но резултатите нема да бидат поволни. Многу зависи од вашите лични аспекти, но и вие самите себе ќе се изненадувате.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Со пријателите ќе ги поминувате слободните моменти. Тие умеат да ви помогнат за да ги заборавите проблемите особено оние кои се однесуваат на вашето здравје. Не е ништо алармантно, но сепак вие сте исплашени.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Потполно сте свртени кон афирмација на вашата личност во општествените активности. Зголемениот број на контакти ќе ви овозможи започнување на нови проекти со нови партнери. Финасиската состојба исто така поволна, но ве очекуваат поголеми трошоци од обично.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Одлично ќе се чуствувате бидејќи слободното време многу ви годи. Обидете се да не влегувате во судири со околината и да пронајдете внатрешен мир. Тоа не ви е баш јака страна, но бидејќи сте паметни и знаете што сакате ќе успеете да ја пребродите слабоста.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Изразени се желбите за заработка и уживање во материјални богатства. Настојувате да ја прикриете вашата амбиција, бидејќи може да нагазите на мина. Не брзајте никаде, туку застанете и погледнете околу себе.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Немате причина да бидете загрижени. Викендот ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек. Излезете на кафе со пријателите, тоа дополнително ќе ве усреќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП