29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлегри посакува и натаму да е тренер на Јуве

Алегри посакува и натаму да е тренер на Јуве

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, рекол дека ќе остане во клубот и во наредната сезона.

„Сакам да останам, но мораме да седнеме и да поразговараме. Раководството ќе реши кога е вистинското време за разговор. Тоа сигурно нема да биде оваа недела. Сега сите мислиме само на Кардиф“, рекол Алегри.

Јувентус оваа сезона ја освои шестата титула во низа, триумфираше во Купот на Италија, а на 3.јуни го очекува финалниот меч во Лигата на шампионите.

Договорот на Алегри со Јувентус истекува по завршувањето на сезоната.

„Со триумф во Кардиф ќе ја крунисаме нашата тригодишна работа. Мораме да се сконцентрираме на тој светски настан, кој според интересот на медиумите може да се спореди со американскиот Супербол“, рекол Алегри.

Алегри во 2014 година го наследи Антонио Конте и во својот досегашен мандат освои три двојни круни во Италија и избори две финалиња во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП