28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБернардо Силва прво засилување за Сити

Бернардо Силва прво засилување за Сити

Бернардо Силва го напушти Монако и потпиша договор со Манчестер Сити, потврди англискиот клуб на својата официјална интернет страница.

Дваесет и две годишниот Португалец во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 20, а на располагање на менаџерот Пеп Гвардиола ќе му биде од 1.јули.

Клубот не ги објави финансиските детали, но англиските медиуми тврдат дека Сити за Бернардо Силва платил 68 милиони евра.

Португалецот во јануари 2015 година во Монако пристигна од Бенфика. Оваа сезона со Монако ја освои титулата во Франција и играше во полуфиналето во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП