28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО1,5 милиони евра чини „слободата“ на Сампaоли

1,5 милиони евра чини „слободата“ на Сампaоли

Фудбалскиот клуб Севилја соопшти дека Фудбалската асоцијација на Аргентина ќе мора да плати 1,5 милиони евра доколку сака за селектор да го ангажира нивниот тренер Хорхе Сампаоли.

Претседателот на Севилја, Пепе Кастро, рекол тоа е единствениот начин Сампаоли да го напушти клубот пред истекот на договорот.

„Цената на клаузулата изнесува 1,5 милиони евра, не постои друг начин да замине“, рекол Кастро, дополнувајќи дека наскоро ќе има состанок со претседателот на Фудбалската асоцијација на Аргентина, Клаудио Тапија.

Хорге Сампаоли, кој сезонава со Севилја го освои четвртото место во Шпанија, неодамна изјави дека би сакал да ја предводи репрезентацијата на својата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП