29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВирусот WannaCry нанел штета од 1 милијарда долари

Вирусот WannaCry нанел штета од 1 милијарда долари

Вкупната штета нанесена на глобално ниво од вирусот „WannaCry“, достигнаа ниво од 1 милијарда долари. Ова го покажуваат податоците на американската компанија специјализирана „сајберопасността“, „KnowBe4“, цитирани од „McClatchy“.

Малициозниот софтвер поразил меѓу 200 и 300.000 компјутерски системи во не помалку од 150 земји во светот.

„Наводната штета нанесена од „WannaCry“ за првите четири дена, земајќи ја во предвид штетата нанесена на редица големите организации низ целиот свет, надмина 1 милијарда долари“, коментира извршниот директор на „KnowBe4“, Стју Сјоверман.

Вкупната оценка е составена од директните финансиски загуби како резултат на исплатата на барања од хакерите за своевиден откуп, како исто така се пресметуваат и загубите предизвикани од компромитирањето на податоците, забавувањето или запирањето на производството, судските трошоци, нанесена репутациона штета и друго.

Експертите од „KnowBe4“ не исклучуваат вакви напади да има и во иднина.

Досега невидениот хакерски напад беше извршена на 12-ти мај, кој погоди илјадници компјутери од не помалку од 150 држaви.

Вирусот „WannaCry“ искористи пукнатина во безбедноста на оперативните системи „Windows“, а на екранот на корисникот се појавува порака дека се блокира пристапот до податоци, па во замена за неговото отклучување се бара плаќање на сума, која се движи од 300 долари до 600 долари во биткоини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП