3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоси заврши во болница откако падна на тренингот

Роси заврши во болница откако падна на тренингот

Повеќекратниот светски првак во мото трки Италијанецот Валентино Роси(38) падна на тренингот во Римини, по што бил превезен во локалната болница.

Според првичните информации, станува збор за полесни повреди на градниот кош и стомакот.

„Роси мина без фрактури и тешки последици. Префрлен е во болница каде што лекарите утврдија полесни повреди“, соопштија од Јамаха.

Не е познато дали лекарите ќе дозволат настап на Роси на ГН на Италија, која е на распоредот на 4 јуни.

Италијанскиот првак падна и минатиот викенд во последниот круг од Големата награда на Франција во Ле Манс, при што мина без повреди.

Роси со девет освоени титули е еден од најуспешните возачи на мото трки на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП