21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанџукиќ го продолжи договорот со Јувентус

Манџукиќ го продолжи договорот со Јувентус

Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ го продолжи договорот со Јувентус. Тој во Торино ќе остане до 2020 година.

Претходниот договор на Манџукиќ истекуваше во 2019, но откако тој добил понуда од Бешикташ, Јувентус реши да му го продолжи договорот на уште една година и да му ја зголеми платата.

Хрватскиот напаѓач, кој во 2015 година во Јуве пристигна од Атлетико Мадрид, годишно ќе заработува по 5 милиони евра.

Сезонава, Манџукиќ одигра 48 натпревари за Јувентус и постигна 10 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП