18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Како изгледаат барабаните по финалето во Лига Европа

ЛШ: Како изгледаат барабаните по финалето во Лига Европа

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја освоија Лига Европа откако славеа над Ајакс 2-0, во финалето кое во средата се одигра во предградието на Стокхолм, Солна. Јунајтед со оваа победа обезбеди место во Лигата на шампионите.

Она што не им успеа низ Премиер лигата, на „црвените ѓаволи“ им успеа во Лига Европа, а тоа е да обезбедат пласман во ЛШ. Интересно, во одредувањето на барабаните кога ќе бидат влечени групите во ЛШ, Манчестер Јунајтед мина подобро отколку пласман во елитната лига да избореше преку домашното првенство.

Како победник во Лига Европа, Јунајтед ќе биде сместен во вториот барабан, а доколку во ЛШ се пласираше низ Премиер лигата тогаш ќе беше сместен во третиот барабан.

Еве како во моментов изгледаат барабаните за состав на фазата по групи во Лигата на шампионите:

1: Реал (Шпанија), Баерн (Германија), Јувентус (Италија), Бенфика (Португалија), Челзи (Англија), Шахтјор (Украина), Монако (Франција), Спартак Москва (Русија)

2: Барселона (Шпанија), Атлетико Мадрид (Шпанија), ПСЖ (Франција), Дортмунд (Германија), Севилја (Шпанија)/Наполи (Италија)/Тотенхем (Англија), Манчестер Сити (Англија), Порто (Португалија), Манчестер Јунајтед (Англија)

3: Наполи*(Италија), Тотенхем (Англија), Базел (Швајцарија), Динамо Киев* (Украина), Ајакс* (Холандија), Олимпијакос* (Грција), Андерлехт (Белгија), Ливерпул* (Англија)

4: Сите други клубови, а тоа може да бидат Рома* (Италија), Лајпциг* (Германија), Селтик* (Шкотска), Ница* (Франција), Феенорд* (Холандија)

Легенда: *клубови кои за пласман во Лигата на шампионите ќе се борат низ квалификациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП