19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан во лов на Мората со 60 млн евра

Милан во лов на Мората со 60 млн евра

Кинеските сопственици на Милан, кои неодамна го презедоа клубот, планираат да вложат сериозна сума на пари во реновирањето на тимот, во летниот преоден рок.

Шпанскиот весник „Марка“, во средата пишува дека еден од приоритетите ќе биде трансферот на Алваро Мората, кој не го крие незадоволството од третманот кој го има кај Зинедин Зидан.

Милан, според истиот извор, бил подготвен да понуди сума од 60 милиони евра за овој напаѓач.

Наводно Мората сакал да се врати во Италија, каде две сезони со успех го носеше дресот на Јувентус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП