10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбјавен идеалниот тим во Ла Лига, Роналдо не е на листата

Објавен идеалниот тим во Ла Лига, Роналдо не е на листата

Сезоната во Ла Лига заврши со триумф на Реал, кој по пет години ја вратија титулата на „Сантијаго Бернабеу“. Веднаш по крајот на првенството порталот „Хо Сокер“, го објави идеалниот тим на сезоната.

Интересно, според порталот кој низ бројни статистички параметри ја оценува играта на фудбалерите, во идеалниот тим има место за само двајца фудбалери на Реал, а меѓу нив не е Кристијано Роналдо.

Во идеалниот тим на Ла Лига за сезоната 2016/2017 од шампионскиот тим на Реал има место само за Дани Карвахал (просечна оценка 7,2) и Тони Крос (просечна оценка 7,7).

Интересно во офанзивниот дел, во кој има четворица фудбалери, тројца се од Барселона, а четвртиот е Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Идеалнен тим, Ла Лига:

Голман: Пачеко (Алавес, просечна оценка 6,9)
Одбрана: Карвахал (Реал, 7,2), Годин (Атлетико, 7,2), Алварез (Атлетик Билбао, 7,2), Фелипе Луис (Атлетико, 7,5)
Среден ред: Иљараменди (Реал Сосиедад, 7,3), Крос (Реал, 7,7), Меси (Барселона, 8,5), Нејмар (Барселона, 8,5)
Напад: Гризман (Атлетико, 7,4), Луис Суарез (Барселона, 7,8).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП