15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФернандо Торес останува во Атлетико

Фернандо Торес останува во Атлетико

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, сериозно смета на услугите на ветеранот Фернандо Торес (33) и во наредната сезона, објави весникот „Марка“.

Фернандо Торес со задоволство ја прифатил понудата да остане во клубот во кој ја започна професионалната кариера.

Оваа сеозна напаѓачот ја заврши со 10 постигнати голови и шест асистенции, а вкупно одигра 45 натпревари.

Поранешниот европски и светски првак со Шпанија во кариерата настапувал и за Ливерпул, Челзи и Милан, а на „Винсенте Калдерон“ се врати во 2015 година.

Интересно, иако не крие дека само Атлетико му е во срцето, а најдобрите години ги имаше во Ливерпул, само со Челзи на клупски план успеа да освои трофеи, и тоа во Лигата на шампионите, Лига Европа и ФА купот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП