10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман призна дека има шанси да се пресели на „Олд Трафорд“

Гризман призна дека има шанси да се пресели на „Олд Трафорд“

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, во емисијата Коутидиен на француската телевизија рекол дека постојат шанси во летниот преоден рок да се пресели во Манчестер Јунајтед.

Најдобриот играч и стрелец од последното Европско првенство, стрелец на 17 голови во штотуку завршената сезона во Ла Лига, рекол дека на скалата од еден до десет, шансите да се пресели во Манчестер Јунајтед се шест.

Планот на челниците на Јунајтед е да ги спојат во тимот добрите пријатели и репрезентативни колеги Пол Погба и Антоан Гризман.

„Мислам дека многу повеќе околу мојата иднина ќе се знае за две до три недели. Манчестер Јунајтед? Можно е, шансите се шест од десет“, рекол Гризман.

Јунајтед сезоната во Премиер лигата ја заврши на шестото место, резултат кој не ги задоволува клупските амбиции, а сезоната може да се претвори во катастрофа доколку „црвените ѓаволи“ утревечер не ја освојат Лига Европа бидејќи уште една сезона ќе останат без настап во Лигата на шампионите.

Инаку, интерес за Гризман покажува и Ливерпул, чиј адут е изборениот пласман во квалификациите во Лигата на шампионите.

Проблем за Јунајтед и Ливерпул околу трансферот на Гризман може да претставува неговата откупна клаузула, која изнесува 100 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП