28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple и Visa се соочуваат со тужба поради Apple Pay

Apple и Visa се соочуваат со тужба поради Apple Pay

Американските концерни „Apple Inc.“ и „Visa Inc.“ се соочуваат со судски претензии од страна на „Universal Secure Registry“ (USR) – мала компанија од Бостон, која тврди дека нивното партнерство за мобилни плаќања нарушува четири од нејзините патенти, пренесува „Bloomberg“.

Во рамките на федерален судењето во Вилмингтон, Делавер, „USR“ вели дека во 2010-та година и испратила на „Apple“ серија писма во кои ја опишуваат патентираната технологија и бараат партнерство долго време пред дебито на „Apple Pay“. Едно такво писмо детално ги наведува патентите на „USR“ за користење на биометриските податоци за проверка на идентитетот преку паметните телефони, станува јасно од поднесената тужба на 21-ви мај.

Кенет Вајс, извршен директор на „USR“, исто така се стремел кон партнерство со „Visa“ во исто време, се ангажирал „во серија на доверливи дискусии со високи менаџери“. Како „Apple“, така и „Visa“ не ги избрале предлозите на „USR“ во корист на партнерство меѓу себе, за да ја вклучат технологија во услугата „Apple Pay“.

Според жалбата, кога „Apple“ јавно ја објави својата услуга „Apple Pay“ во септември 2014-та година, компанијата ги „истакна истите предности кои „USR“ ги претставила пред „Apple“ и „Visa“ во 2010-та година“.

„Откако „USR“ откри пред „Apple“ и „Visa“, дека нејзината патентирана технологија ја елиминира потребата од чување или пренос на бројот на платежни картички, така и „Apple“ се претставуваше пред своите корисници дека со „Apple Pay“ кредитната картичка не се чува на уредот“, појаснуваат во жалбата адвокатите на „USR“.

Портпаролите на „Apple“, Џош Розенсток и на „Visa“, Аманда Пиреја одбиваат коментар за „Bloomberg“. Компанијата со седиште во Њутн, Масачусетс, „USR“, инсистира на паричен надоместок и за наредба која би го блокирала неовластено користење на услугата, пишува и „New York Times“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП