4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардарки петти пат по ред шампиони на Македонија

Вардарки петти пат по ред шампиони на Македонија

Петта сезона по ред ракометарките на Вардар се прваци на Македонија. Во финалето на плеј офот тие го победија тимот на Вардар СЦЈС со 54-24 (24-11), и ја освоија четвртата двојна круна во домашното првенство.

Во сестринскиот дуел во финалето на плеј-офот според прогнозите убедливо славеше Вардар, иако вториот тим на „црвено-црните“ иамше добри моменти во првата половина од првото полувреме.

Шампионките на полувремето стигнаа до двоцифрена предност, која во вториот дел само рапидно ја зголемуваа до максималните 30 голови.

Ристовска со 10 голови беше најефикасна на натпреварот, по осум гола постигнаа Лакрабер и Човиќ, а гол помалку зад своето име запиша Кликовац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП