ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ: „Дебармаалци“ летово ќе играат во Европа

ПМФЛ: „Дебармаалци“ летово ќе играат во Европа

На два кола до крајот на сезоната во домашниот фудбалски шампионат решена е уште една дилема. Работнички со ремито 2:2 во Тетово против Шкендија обезбеди место во квалификациите во Лига Европа.

Вардар е старо новиот шампион и „црвено-црните“ ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите, додека квалификации за Лига Европа ќе играат Шкендија, Работнички и освојувачот на Купот Пелистер. Од лигата испаднаа Брегалница и Македонија ЃП.

Инаку во ова коло се истакна напаѓачот на Пелистер Баже Илијоски, кој во ремито против Силекс 3:3, постигна еден гол и стана најдобриот стрелец во историјата на македонската прва лига.

Илијоски во кариерата има постигнато 126 голови во Првата лига, еден повеќе од поранешниот репрезентативец Зоран Бошковски.

Резултати, 34.коло:

Вардар-Ренова 2:0
Силекс-Пелистер 3:3
Шкендија-Работнички 2:2
Шкупи-Брегалница 3:0
Победа-Македонија ЃП 4:2

Табела, 34.коло: 1. Вардар 79, 2. Шкендија 66, 3. Работнички 54, 4. Пелистер 52, 5.Ренова 48, 6. Силекс 43, 7. Победа 38, 8. Шкупи 36, 9. Брегалница 21, 10. Македонија ЃП 19.