ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар победник во ракометниот Куп на Македонија

Вардар победник во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Вардар ја освоија титулата во Купот на Македонија. Вардар во финалето, кое се одигра во Битола, славеше над Еурофарм Работник 31:26 (16:13).

Вардар, во Битола, ја потврди доминацијата во мак ракометот, откако ја освои четвртата последовна титула во Купот, вкупно 12-та во историјата на клубот.

Според дочекувањата, најголемиот фаворит без проблеми го освои трофејот. На овој меч варадаровиот тренер во составот ги немаше Марсениќ и Борозан, а Штербик воопшто не влегуваше во игра.

Вардар до победата го предводеа голманот Милиќ со 15 одбрани и Чупиќ кој постигна осум голови.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП