18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндре Агаси е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Андре Агаси е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Легендарниот американски тенисер Андре Агаси и доскорешниот број 1 Новак Ѓоковиќ договориле соработка, која официјално ќе започне на Ролан Гарос.

Она што се шпекулираше изминатите две недели, дека Агаси ќе биде новиот тренер на Ѓоковиќ, српскиот тенисер го потврди по поразот од Александар Зверев во финалето на Мастерсот во Рим. Инаку покрај со Агаси, Ѓоковиќ разговарал со уште двајца великани на светскиот тенис Пит Сампрас и Густаво Куертен, но се решил негов тренер да биде Агаси.

Освојувачот на осум гренд слем титули, меѓу кои и Ролан Гарос во 1999 година ќе се обиде да му помогне на Ѓоковиќ да ја одбрани титулата во Париз, а потоа и да се врати на првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ пред неполн месец ја раскина соработката со комплетниот стручен штаб, а на турнирот во Рим, покрај него беше неговиот брат Марко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП