Кошаркарите на Кливленд направија нов брејк во финалето на Источната конференција и водат со 2-0 против Бостон. Кливленд уште еднаш демонстрираше сила откако буквално го растури Бостон во неговиот „ТД Гарден“ 130:86.
Актуелните шампиони уште на полувремето имаа предност од 41 поен (72:31) што е рекордна разлика кога се во прашање конференциските финалиња.
Покрај тоа ова е победа со најголема разлика против првите носители сметајќи ги двете конференции.
Блескаше на овој меч „големата тројка“ на Кливленд: Џејмс, Лав, Ирвинг, постигнувајќи 74 поени на својот тим.
Џејмс имаше учинок од 30 поени, седум скока, четири асистенции, четири украдени топки и три блокади. „Кралот Џејмс“ успеа на вечната плејоф листа да го мине Мајкал Џордан според бројот на украдени топки (377), а пред него сега е само Скоти Пипен (395).
Исто така Џејмс се израмни со легендата Џордан според бројот на последовни натпревари на кои постигнал најмалку 30 поени во плејофот (30).
Серијата сега се сели во Охајо, каде домаќин ќе биде Кливленд, а третиот меч се игра во ноќта помеѓу понеделник и вторник.