6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ поведе со 2-1 во финалната серија против Карпош Соколи

МЗТ поведе со 2-1 во финалната серија против Карпош Соколи

Кошаркарите на МЗТ го добија третиот меч од финалната серија во домашното првенство против Карпош Соколи 86:80 (21-16; 23-18; 19-20; 23-26) и поведоа со 2-1 во серијата. На МЗТ му е потребна уште една победа за да ја одбрани титулата, односно да ја продолжи доминацијата во македонската кошарка.

МЗТ победи во третиот меч кој донесе нервозна игра на теренот и тензии на трибините и лоша арбитража на штета на двата тима.

Со исклучок на воведните пет минути и предноста на Карпош 7:11, МЗТ имаше котрола врз натпреварот се до самиот крај, кога гостинските играчи успеаја негативата од 14 поени да ја намалат на два. Сепак во последните 50 секунди пресудни беа поените на Дреновац, потоа грешката на Пери на спортивната страна и мирната реализиција на двете слободни фрлања кои ги доби Клоф.

МЗТ клучната предност ја направи во втората четвртина, кога одбраната не му дозволи на противникот цели шест минути да постигне поени. Двоцифрена предност имаше домашниот тим на крајот од третиот период (44:34).

Карпош во финишот на првиот дел остана без стартниот центар Бојан Трајковски, кој доби пет леични грешки (една техничка).

Карпош успеа во третиот период да се доближи на четири поени негатива (54:50), благодарение на бековите Мавра и Пери, но МЗТ успеа да го одбие тој налет, четвртината да ја заврши со позитива од седум поени (61:54), а со серијата од 7:0 на стартот на последниот период и да стигне до максимални 14 кошеви предност (70:56).

Тука МЗТ малку го загуби ритамот, а Карпош полека започна да ја топи негативата на противникот.

Во тие моменти судиите со неколку дискутабилни одлуки ја кренаа тензијата меѓу публиката, гостинскиот тренер Николиќ се пожали дека бил удрен со паричка.

Успеа Карпош на 65 секунди до крајот да се доближи на само два поени негатива 79:77, но домаќинот го издржа тој налет и на крајот стигна до победата.

Надворешната линија го предводеше МЗТ до победата Тејмс постигна 22, Клоф 21, а Дрновац 20 поени. Бековите беа најдобри и кај Карпош Соколи Пери уфрли 24, а Мавра 20 кошеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП