3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајплатените боксери во историјата за еден натпревар

Најплатените боксери во историјата за еден натпревар

Oscar De La Hoya v Manny Pacquiao

Некои луѓе мислат дека боксерите заработуваат купишта „лесни“ пари. Ќе се натпреваруваат 2-3 пати во годината и добиваат „дебел“ чек за околу 36 минути работа, па дури добиваат пари иако изгубат.

Тие сепак не работат само во тие 36 минути. Боксерите треба да тренираат сериозно околу три месеци пред секој натпревар. Тие имаат строга диета и тренираат секој ден.

Овие 10 луѓе ги добиле највисоките чекови во историјата на боксот за само еден натпревар:

Оскар де ла Хоја – 53 милиони долари.

По златниот медал на Олимписките игри во 2002-та година го нарекуваат „златното момче“. Тој за натпреварот со Флојд Мејведер во 2007-та година доби фантастични 53 милиони долари. Ова ја вклучува само загарантираната сума, плус бонусот за „pay-per-view“ емитирање. Овој натпревар беше најгледан во историјата на „pay-per-view“, кој сепак Оскар го загуби. Да, точно така – тој доби 53 милиони долари за натпревар на кој не победи.

Ивендер Холифилд – 35 милиони долари.

Неговиот втор натпревар со Мајк Тајсон во 1997-та година е еден од најпознатите во историјата. Холифилд не беше загрижен од противникот, поради тоа што го победи во првиот нивни дуел. Но Тајсон неколкупати го гризна за увото, а дури откога откина едно парче и го плука пред гледачите и ТВ камерите, Тајсон беше дисквалификуван, а Холифилд победи и на овој натпревар.

Флојд Мејведер Јуниор – 32 милиони долари.

Во 2012-та година тој се бореше со Мигел Кото, како за популарноста на овој натпревар го имаше највисокиот гарантиран хонорар во светот на боксот.

boks1

Владимир Кличко – 32 милиони долари.

Хонорарот кој го доби Украинецот за мечот со Дејвид Хеј во Германија во 2011-та година на кој тој победи.

Дејвид Хеј – 32 милиони долари.

Појави со маичка на која двајцата браќа Кличко беа со отсечени глави, но на крајот загуби од Владимир.

Мајк Тајсон – 30 милиони долари.

Некогаш тој беше кошмар од кое сите бегаа, поради силата и лошиот темперамент. Имаше загарантирани 30 милиони долари за натпреварите со Холифилд во 1997-та година и со Ленокс Луис во 2002-та година. Загуби и на двата.

boks2

Ленокс Луис – 30 милиони долари.

Тој се спротистави на трендот британските шампиони во тешка категорија да губат од американските. Овој хонорар го доби за натпреварот со Мајк Тајсон во 2002-та година. Продажбата за „pay-per-view“ беше рекордна, бидејќи сите очекуваа многу интересен натпревар. Очекувањата, сепак не беа потврдени. Ленокс доминираше цело време и го победи Тајсон со нокаут во 8-та рунда.

Мани Паквајо – 25 милиони долари.

Има освоено титули во 8 различни категории на тежина. Доби гаранција од 25 милиони долари за натпреварот со Тимоти Бредли во 2012-та година, како и за дуелот со Хуан Мануел Маркез. Тој ги загуби и двете средби.

Виталиј Кличко – 15 милиони долари.

Доби одличен хонорар за средбата со Одланиер Солис во 2011-та година. Кличко победи уште во првата рунда.

Мигел Кото – 8 милиони долари.

Кото за дуелот со Флојд Мејведер го доби овој хонорар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП