18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБалтиќ е новиот селектор на одбојкарите

Балтиќ е новиот селектор на одбојкарите

Словенецот Драгутин Балтиќ е новиот селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија. Балтиќ на функцијата го наследи Бугаринот Николај Жељасков.

„Драгутин Балтиќ е прочуено име во европските одбојкарски кругови, освојувач на европски клупски натпреварувања и во националните првенства на Словенија, Азербејџан и Швајцарија. Има завидно искуство и како селектор на Словенија и Бугарија“, соопшти на својот Фејсбук профил, Одбојкарската федерација на Македонија.

Балтиќ македонските одбојкари ќе ги предводи во овогодишното издание на ЦЕВ Европската лига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП