7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБостон немаше решение да го сопре Леброн (видео)

Бостон немаше решение да го сопре Леброн (видео)

Кошаркарите на Кливленд со брејк во Бостон ја отворија финалната серија во Источната конференција, во НБА лигата. Кливленд, изминатата ноќ, победи на теренот во Бостон 117:104.

Актуелните шампиони до триумфот стигнаа благодарение на Леброн Џејмс кој во овој плејоф игра во неверојатна форма. „Кралот Џејмс“, натпреварот го заврши со 38 поени, девет скокови и седум асистенции.

Кошаркатите на Кливленд имаа една недела за одмор, за разлика од противникот кој играше седум натпревар во полуфиналето против Вашингтон. Тие триумфот го најавија уште во првата четвртина (30:19), а по првиот дел имаа 2 поени повеќе од противникот.

Покрај Џејмс, кај победникот се истакнаа уште Кевин Лав со 32 поени и 12 скокови, односно Тристан Томпсон со 20 поени.

Најефикасни играчи кај Бостон беа Џае Краудер и Ејвери Бредли со по 21 поен, додека Ајзеа Томас забележа 17 поени и 10 асистенции.

Наредниот меч од оваа серија ќе се одигра ноќта помеѓу петок и сабота, а домаќин повторно ќе биде Бостон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП