10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА: Трофеите по пауза од десет години повторно ќе се доделуваат на...

УЕФА: Трофеите по пауза од десет години повторно ќе се доделуваат на теренот

Европската фудбалска унија (УЕФА) донесе една интересна промена, а која е поврзана со доделувањето на трофеите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Трофеите по пауза од десет години повторно ќе се доделуваат на теренот.

УЕФА на чело со претседателот Александар Чеферин, со оваа одлука, ја прекина традицијата, трофејот да се доделува на ВИП трибината, која во 2007 година ја воведе Мишел Платини.

„Фудбалскиот терен е местото на кое играчите треба да ги слават своите успеси. Идеата е челниците да слезат на теренот за да им честитаат на фудбалерите. Изградени се посебни пиедестали чие монтирање трае пет минути“, рекол Чеферин.

Новото правило прв пат ќе биде применето на 24.јуни во Стокхолм каде за трофејот во Лига Европа ќе се борат МАнчестер Јунајтед и Ајакс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП