9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус го совлада Лацио и го освои Купот на Италија (видео)

Јувентус го совлада Лацио и го освои Купот на Италија (видео)

Фудбалерите на Јувентус го совладаа Лацио со 2:0 (2:0) и го освоија Купот на Италија за сезоната 2016/2017.

Јувентус го одбрани трофејот во Купот со головите на дефанзивците Дани Алвеш и Леонардо Бонучи.

Финалниот меч се одигра на „Олимпико“ во Рим, а Јувентус ја освои 12-та титула во националниот Куп.

Финалниот меч донесе отворена игра на двете страни и меч во кој Јувентус ги искористи шансите за разлика од ривалот. Имобиле, Кеита, Милинковиќ-Савиќ и Андерсон не успеаја да го совладаат Бразилецот Нето.

Јувентус прашањето на победникот го реши во првите 24 минути кога по асистенциите на Алекс Сандро прецизни беа Дани Алвеш и Бонучи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП