2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХенрикс останува во Леверкузен и покрај понудата на Баерн

Хенрикс останува во Леверкузен и покрај понудата на Баерн

Младиот германски репрезентативец Бенјамин Хенрикс го продолжи договорот со Баер Леверкузен до јуни 2022 година, со што стави крај на шпекулациите дека ќе се пресели во минхенски Баерн.

„Воодушевен сум што клубот во кој сум 13 години му пружа толку можности. Среќен сум што станав професионален фудбалер во Баер. Луѓето во Леверкузен секогаш верувале во мене и нè тераа да напредувам и да се развивам како играч. Сега сакам да му помогнам на клубот да се врати на вистинските патеки по оваа тешка сезона“, рекол Хенрикс.

За овој 20-годишен фудбалер заинтересиран беше Баерн. Баварците планираа Хенрикс да биде замена за Филип Лам, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП