17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарио Манџукиќ со нов договор до 2020 година

Марио Манџукиќ со нов договор до 2020 година

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, за одличните настапи оваа сезона ќе биде награден со нов договор до 2020 година и плата од пет милиони евра годишно.

Интересот на екипи од Кина и Турција ги натера челниците на Јувентус да му понудат нов договор и да му ја зголемат платата на хрватскиот репрезентативец.

Весникот „Тутоспорт“, кој секогаш е добро информиран за случувањата во Јувентус, тврди дека Манџукиќ ќе добие зголемување на плата од 1,5 милиони евра, односно дека годишно ќе заработува пет милиони евра до 2020 година.

Ова значи дека Манџукиќ до крајот на кариерата ќе остане во Торино бидејќи во 2020 година ќе има 34 години.

Марио Манџукиќ пред две години пристигна во Јувентус од Атлетико Мадрид за сума од 20 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП