19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВ недела ќе се оддржи петтото издание на „Прв до врв“

В недела ќе се оддржи петтото издание на „Прв до врв“

Петтото издание на „Прв до врв 2017“ ќе се одржи в недела на Водно.

Во рамки на програмата има трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот. По завршувањето на трките предвидена e музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

Пријавувањето за учество е сè уште отворено преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Регистрираните учесници ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети в петок и в сабота, на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат да го сторат и в недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ „Кочо Рацин“.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествена заедница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП