4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранк Кеси од наредната сезона во дресот на Милан

Франк Кеси од наредната сезона во дресот на Милан

Играчот на Атланта Франк Кеси од наредната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот великан Милан.

Италијанските медиуми во средата пренесоа дека клубовите постигнале договор, а трансферот на Кеси изнесува 28 милиони евра.

Овој 20-годишен фудбалер од Брегот на Слонова Коска е едно од откритијата на сезоната во Серија А. Тој избра да се пресели во Милан, иако истата сума пари на екипата од Бергаму ја понуди и Рома.

Годишната плата беше пресудна Кеси да го избере Милан. Кеси со Милан ќе потпише петгодишен договор, а ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона, што е за 500.000 повеќе од она што го понудиле челниците на Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП