20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШарапова не доби „вајлд карта“ за настап на Ролан Гарос

Шарапова не доби „вајлд карта“ за настап на Ролан Гарос

Руската тенисерка Марија Шарапова не доби „вајлд карта“ за настап на вториот Гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.

Тениската француска федерација (ФФТ), неколку недели го разгледуваше барањето на Шарапова која побара „вајлд карта“ и одлучи да не и додели специјална покана на руската тенисерка, која по 15-месечната суспензија поради допинг, неодамна се врати на тениските терени.

Шарапова не може да учествува ниту во квалификациите за настап на Отвореното првенство на Франција, бидејќи се наоѓа на 211 место на ВТА листата.

Русинката два пати во кариерата, во 2012 и 2014 година, го освои Ролан Гарос.

Одлуката да не и биде доделена „вајлд карта“ на Шарапова, во живо на својот профил на Фејсбук ја соопшти првиот човек на ФФТ, Бернард Зудичели.

Ролан Гарос годинава ќе се игра од 22.мај до 11.јуни, а титулата во женска конкуренција ја брани Шпанката Гарбиње Мугуруса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП